Лидерите на соседната земја да сфатат дека не може да се преговара преку интервјуа и јавни изјави, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас од Луксембург по Советот за надворешни работи на ЕУ.
Мило Ѓукановиќ е новиот претседател на Црна Гора, откако освои 180.274 гласа или 53,9 проценти на вчерашните претседателски избори, соопшти денеска црногорската Државната изборна комисија.
Амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Милан Јазбец при денешната посета на Штип го искажа својот оптимизам дека Македонија ќе ја добие препораката за членство во ЕУ, и покрај тоа што и понатаму треба да се работи на реформите.
Новото договорено сложено име треба да биде и уставно име на соседната земја, рече портпаролот на грчката Влада и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ изјави дека ЕУ врз Белград врши континуриано наметнување на обврската за усогласување на надворешната политика во поглед на Русија и приклучување на санкциите.
Западниот Балкан претставува стратешки регион за Европа и иако тој се уште не е целосно дел од ЕУ, сепак е Европа, изјави денеска високата претставничка на Унијата за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, новинарите во Грција, во текстовите во електронските изданија на медиумите, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев во однос на позициите за името, со акцентот ставен на ерга омнес и Уставот.
Последните јавно изнесени ставови на македонскиот премиер Зоран Заев, беа причина за нови препукувања меѓу власта и опозицијата во Грција.
Со 54 проценти освоени гласови, Мило Ѓукановиќ освои нов претседателски мандат на Црна Гора. Неговиот противкандидат Младен Бојаниќ освоил 33,5 проценти од гласовите. Ова е втор претседателски мандат за Ѓукановиќ, а 6 мандати бил премиер.
Лидерите на Турција и Грација треба сами да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меу двете земји, бидејќи тоа не е работа на НАТО, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.