Време е спорот за името да се реши. Тоа би било добро и за Грција и за Македонија, но и за регионот. Би бил радосен ако се најде заедничко прифатливо решение, но и ако не дојде до тоа Македонија треба да влезе во НАТО под привремената референца.
Правна форма, со празни места во спорните прашања, ќе им претстави медијаторот Метју Нимиц на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас на денешната средба во Виена, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Снимателот Александар Стипиќ, реализаторката Билјана Ердељан и возачот Далибор Милутиновиќ, биле уапсени во Пеќ околу 17:45, и со нив биле приведени и пет адвокати.
Вооружениот маж, кој со пиштол и бомба се закануваше дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија се предаде на полицијата.
Вооружен маж со пиштол и бомба се заканува дека ќе се разнесе пред зградата на Парламентот на Србија.
Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија ја обвини владејачката Коалиција на радикалната левици (Сириза) дека ја партизира државата.
Следната седмица, министерот за надворешни работи на Грција ќе ги извести претседателите на грчките политички партии за текот на преговорите за името по разговорите во Виена, објавија грчките медиуми, повикувајќи се на свои извори.
Се надеваме дека ќе има одѕив и од другата страна, бидејќи за нив е прашање од егзистенцијално значење. Посакувам да го сфатат тоа и да имаат сила да преземат тешки одлуки, што се неопходни, порача од Солун грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади“ во Скопје, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.
Критики до грчката влада поради различните позиции во прашањето за името упати лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис, велејќи дека владата настапува со две и пол линии.