– Не постои прашањето за двојно име. Ќе треба да разбере Заев, кој на почетокот покажа сериозност, ќе треба да сфати дека патот за НАТО и за Европа не е право нагоре, туку поминува од Атина. Ова треба да го разбере, вели лидерот на партијата Река.
„Протест на националисти во Скопје – го запалија грчкото знаме“; „Радикални Скопјани бараат итен прекин на преговорите во ОН“; „Скопје: радикализам од националисти – црвени линии од Заев“ се дел од насловите под кои грчките новинари ја објавија веста за протестот во Скопје.
Поранешниот претседател на Хрватска Стипе Месиќ одби да стане почесен граѓанин на Сараево, признание што се доделува од Градската управа на градот Сараево.
Портпаролот на грчката Влада, говорејќи за грчката телевизија „Алфа“, порача дека грчките позиции и предуслови се јасни, а соседната земја е таа што треба да покаже волја и расположение за договор, а во спротивно нема да има решение.
Ставот на опозициската Нова демократија дека спорот со името не може да се решава во делови, туку само со едно пакет решение, уште еднаш го повтори поранешната министерка за надворешни работи на Грција, а сега пратеник Дора Бакојани. Во исто време, упати критики до грчката влада, за начинот на кој ги води преговорите.
Во коментарите на вчерашното интервју на македонскиот премиер Зоран Заев за „Еуроњуз“ грчките медиуми ја користат изјавата на Ангела Меркел од заедничката прес конференција во Берлин токму со него за тоа дека „јавните изјави може повеќе да му наштетат на процесот“.
Да бидеме внимателни во очекувањата за прашањето за името со Скопје, рекле за „То Вима“ кругови од грчката дипломатија, поткрепувајќи го ова со ставот дека разликите меѓу двете страни, за одредени точки сѐ уште се големи.
Скопје сака лесно решение, а ние фер и одржливо решение, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, по советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.
Промената на уставот на соседната земја е цврста преговарачка позиција на Атина, вели портпаролот на грчката влада, Димитрис Ѕанакопулос во интервју за радиото „Real fm“. Тој, како што јавува дописникот на МИА од Атина, уште еднаш ги повтори грчките позиции.
Одговорниот за надворешна политика во опозициската Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, упати остри критики до грчката Влада дека не ги информира ниту партиите, ниту граѓаните, за преговорите со името, а единствените информации пристигнуваат или од странство или од медиумите.