Трајно и комплетно решение, кое во иднина нема да се промени и нема да остави простор за иредентизам, се двете карактеристики на договорот што Грција го посакува со Македонија, бара грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.
Се надевам дека во многу скоро време ќе има заедничка литругија меѓу македонската и бугарската црква, изјави Заев денеска во Лондон во одговор на прашањето од бугарската агенција БГНЕС дали го поддржува заедничкото сослужување на свештените лица од БПЦ и МПЦ-ОА.
Името, спектарот на употреба, јазикот, идентитетот, трговските употреби, кратенките и акронимите се седумте точки што ги содржи грчкиот предлог на нацрт спогодбата, според весникот Катимерини.
Атина преферира новото име да биде на македонски јазик, непреведено и напишано слеано во еден збор, објавува весникот „Та неа“ во денешната анализа за нацрт спогодбата што Грција ќе и ја достави на Македонија.
Коалицискиот партнер во грчката Влада, партијата Независни Грци, не отстапува од цврстиот став, да не поддржи договор за името со вклучен термин Македонија.
Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас ги офрли обвинувањата на домашните медиуми дека неговата земја и отстапува дел од свјата територија на Албанија.
Поделено е мислењето на Грците во однос на тоа дали постои простор за компромисно решение на спорот со името прифатено од двете страни.
Нема никакви пречки, ниту пак причини Православните цркви да не ја признаат автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископја, пишува во својата анализа за македонското црковно прашање во „Крисис Магазин“.
Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, словенечкиот европратеник Иво Вајгл смета дека целата Европска унија конечно го сфатила значењето на земјите од Западен Балкан, а доказ за тоа е неодамна претставената Стратегија за проширување на ЕУ кон оваа група земји.
Претседателот на опозициската Нова демократија, упати остри критики до Ципрас во однос на тоа како управува со прашањето за името, вели дека грчкиот премиер уште од почетокот води погрешна преговарачка политика, затоа што требало, според Мицотакис, уште на самиот почеток да побара уставни промени.