Лидерот на српската партија на Косово, Оливер Ивановиќ, изутринава бил убиен во Косовска Митровица. Застрелан е со огнено оружје кога влегувал од седиштето на неговата партија.
Косовскиот претседател Хашим Тачи го осуди убиството на еден од лидерите на Србите во Косово, Оливер Ивановиќ и ги повика безбедносните служби што е можно поскоро да ги расчистат околносите на настанот.
Поради убиството на Ивановиќ, српскиот преседател Александар Вучиќ закажа итна седница на Советот за национална безбедност на Србија, а за во 13 часот најави обраќање до јавноста.
Лидерот на „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ е застрелан утринава во Косовска Митровица.
Се надевам дека сите земји, во еден момент, ќе потпишат такви договори за пријателство, а не да водат војна, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по повод ратификувањето на Договорот за пријателство со Бугарија во македонскиот Парламент.
Бугарскиот премиер, Бојко Борисов и бугарското министерство за надворешни работи попладнево го поздравија ратификувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија во македонското Собрание.
Премиерот на Албанија, Еди Рама, го оцени усвојувањето на законот за употреба на јазиците во Република Македонија како голем настан, кој што пред неколку години не можел ни да се замисли.
Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Марк“ за грчкиот весник „Прото тема“, 68 отсто од испитаниците одговараат негативно на прашањето дали Грција треба да се согласи за сложено име со терминот Македонија.
Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, во неговата колумна за неделното издание на весникот „Димократиа“ порачува дека во Грција ќе мора да се одржи референдум за „новото име на северниот сосед“.
Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи задолжен за европски прашања и меѓународни економски односи, Јоргос Катругалос изјави дека „можното решение за името на грчкиот сосед не смее да биде средство за иредентизам“.