Земјоделците од северозападна Грција од 12 часот по локално време го затворија преминот Ники, но само за товарни возила, кои во најголемиот дел се камиони што пренесуваат лигнит, додека пак сообраќајот на автомобили од и кон Северна Македонија од грчка страна се одвива регуларно.
Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.
Тој додаде дека ова е важно поради тоа што Србија треба да има пристаниште поради извозот кој се зголемува, да ги користи капацитетите на Солун и Пиреј и да купи дел од луката.
Косово во текот на 2023 година издало над 3.600 работни дозволи за странски државјани, од кои 211 за државјани на Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вооружениот поранешен вработен, кој утрово упадна во бродска компанија во јужниот дел на Атина уби три лица, по што и се самоуби, според првичните неофицијални информации, јави дописничката на МИА од Атина.
Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела, објави словенечката редакција на регионалната телевизија Ен 1.
Засега непознат и е бројот на вработени што се наоѓаат во објектот, а грчката полиција започна акција за нивно ослободување, со специјалци, но и преговарачи, со оглед на тоа дека не е исклучена веројатноста напаѓачот да држи заложници.
„Кога мојот сопруг дозна дека нашето четврто бебе сепак ќе биде женско и дека нема да можам да му родам син, стана толку насилен што за малку ќе ме убиеше“, изјави низ солзи за АФП, Лина, која користи псевдоним за да го скрие својот идентитет.
Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Царинските работници во албанскиот пристанишен град Драч заплениле 34.420 парчиња електронски цигари, кои биле без фискална маркица, а чија крајна дестинација било Косово.