Штрајкот на Синдикатот на лекарите и стоматолозите во Словенија, „Фидес“ продолжува веќе петта недела, објави словенечката редакција на регионалната телевизија Ен 1.
Засега непознат и е бројот на вработени што се наоѓаат во објектот, а грчката полиција започна акција за нивно ослободување, со специјалци, но и преговарачи, со оглед на тоа дека не е исклучена веројатноста напаѓачот да држи заложници.
„Кога мојот сопруг дозна дека нашето четврто бебе сепак ќе биде женско и дека нема да можам да му родам син, стана толку насилен што за малку ќе ме убиеше“, изјави низ солзи за АФП, Лина, која користи псевдоним за да го скрие својот идентитет.
Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Царинските работници во албанскиот пристанишен град Драч заплениле 34.420 парчиња електронски цигари, кои биле без фискална маркица, а чија крајна дестинација било Косово.
Албанската полиција во Тирана уапси вработен во банка поради што пред осум месец зел 215.000 евра со ветување дека на оштетениот ќе му извади бугарски пасош и ќе му купи акции во фирма во Турција, објави весникот „Македониум“.
Н протестот присуствуваа христијански и црковни организација и здруженија, радикално десничарски партии, попови и свештени лица, но и граѓани од сите возрасти.
Таа порача дека седницата свикана од пратениците на ВВ треба да биде предупредување до сите за тенденцијата на власта да напаѓа, дисциплинира и контролира секое движење на поединци за кои смета дека „не одговараат на нивниот диктат“.
Графити на српски јазик, со пораката „Кога српската војска ќе се врати на Косово“ осамнале утрово во северно Косово, во општините населени со мнозинско српско население, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бранимир Несторовиќ, пратеник од листата „Ние - гласот на народот“ изјави дека не треба да се дозволи „меѓународна истрага за наводни нерегуларности“ на изборите на 17 декември, туку треба да се повтори гласањето во главниот град на Србија, јави дописникот на МИА од Белград.