На отворање на рудникот Рио Тинто во долината Јадар се противат 59,4 отсто од српските граѓани, додека 24,8 отсто го поддржуваат.
Претседателот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца изјави дека Косово отсекогаш било дискриминирано и не било третирано како рамноправна страна од страна на меѓународната заедница во процесот на дијалогот со Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинителен акт за терористичкиот напад во септември минатата година во Бањска во Звечан, јави дописникот на МИА од Приштина.
Тој истакна дека е горд што во Белград и во Србија нема изливи на антисемитизам и дека еврејската заедница се чувствува безбедно, како и сите гости спортисти и културни работници.
-Луѓето треба да знаат дека кога Рио Тинто го откри литиумот, т.е. јадаритот, како прво тие не бараа истражување за литиум и, на крајот на краиштата, големото прашање е дали нешто вакво би се усвоило ако се однесува на јадаритот, рече Брнабиќ за ТВ Пинк.
Членови на семејствата и граѓани утринава се собраа на протест пред полициската станица во северниот дел на Косовска Митровица, барајќи ослободување на четворицата српски младинци, уапсени во вторникот.
Првото училишно ѕвонче наместо денеска ќе заѕвони утре во училиштата во северниот дел на Грција, откако поради невремето „Атена“ што ја зафати земјата беше одлучено да се пролонгира за еден ден почетокот на наставата.
Во Тирана денеска почнува тридневен Самит на жените од Авганистан, што е најголема средба на активистки за човекови права на жени и девојки од Авганистан во последните три години.
Откако денеска постави камен-темелник на полициска станица во Лепосавиќ, а потоа ја посети Северна Митровица, Курти рече дека престојува во северниот дел „за доброто на граѓаните“, без оглед на нивната припадност.
Портпаролот на Европска Унија, Петер Стано денеска изјави дека Белград и Приштина се обврзни да го имплементираат Охридскиот договор.