Како што јави дописничката на МИА од Атина, Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Израел каде што освен со Нетанјаху, се сретна и со претседателот на Израел Исак Херцог.
Генералниот секретар на Светската муслиманска лига, Мохамад бин Абдул Карим Ал-Иса, кој е во посета на Тирана, попладнево се сретна со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај.
Засега непозната жена извадила нож и ја повредила во раката додека деканката Наталија Јовановиќ се обидела да се одбрани. Жената која нападнала упатила навреди кон деканката и и рекла дека „ја заведела ќерка си да им се придружи на студентите“.
Српскиот премиер во технички мандат, Милош Вучевиќ, денеска изјави дека очекува наскоро нова влада, наведувајќи дека тоа ќе биде „српска влада и нема да биде преодна влада на Ѓилас, туку на граѓаните на Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.
Блокадите во Србија ќе завршат на единствениот можен начин - институционално и уставно. Очекувам тоа да се случи во следните месец дена. Тоа го изјави вицепремиерот на Србија во техничкиот мандат Александар Вулин за Политика, јави дописникот на МИА од Белград.
На протестот повикаа студентите во блокада од Факултетот за политички науки кои нагласуваат дека таквите медиуми се „алатки за пропаганда“.
Во катедралата „Воскресение Христово“ во Тирана денеска се одржа официјалната церемонија на устоличување на новиот архиепископ на Тирана, Драч и цела Албанија, Јоан.
Во Србија пристигнале експерти од Федералната служба на Руската Федерација во врска со наводната употрена на звучен топ на протестот на 15 март, изјави денеска српскиот претсеател, јави МИА од Белград.
Кос и Вучиќ се сретнаа на 19 март во Брисел, по што следеше нејзина објава на социјални мрежи во која средбата со српскиот претседател ја опиша како „конструктивна“.
Во соопштението од ИНСТАТ се наведува дека туристите кои доаѓаат од Европа се двојно повеќе во споредба со истиот период пред една година. Како и дека не заостануваат туристи од Африка или САД.