Душко Чифлиганец, во голема интернационална конкуренција од 31 возач извојува победа во класата Формула 1000 од трката за БМУ Југо-Источно Европскиот шампионат во брзински мотоциклизам на патеката Серес во Грција
Откако ја изненади спортската јавност со одлуката да се повлече од професионалниот тенис, поранешната најдобра светска тенисерка Ешли Барти најави дека отвора ново поглавје во својот живот, посветувајќи се на пишување книги за деца.
Возачот на Ферари, Шарл Леклер, истакна дека денешната трка во Австралија била прва сезонава во која ја контролирал предноста од почеток до крај, додавајќи оти неговиот болид бил во одлична состојба.
Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски постигна голем успех на Балканското првенство во полумаратон кое денеска се одржа во Тирана, освојувајќи го златниот медал.
Шарл Леклер, кој со болидот на Ферари стартуваше од пол-позицијата и доминираше од почеток до крајот, победи денеска во трката за Големата награда на Австралија, пред Мексиканецот Серхио Перез (Ред Бул).
Возачот на Ферари претпладнево во квалификациите постигна најбрзо време пред возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Серхио Перез
Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел, е казнет со 5.000 евра бидејќи возел скутер откако застанал на патеката за време на првиот тренинг во Мелбурн.
Двократниот финалист на Отвореното првенство на Франција, Алекс Коретја призна дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал по повредата може да има време да се опорави за Грен слемот Ролан Гарос
Возачот на Астон Мартин, Себастијан Фетел изрази незадоволство од перформансите на болидот на првиот тренинг пред главната трка во Формула 1 за Големата награда на Австралија
Виктор Давидовски повторно ќе биде клупски колега со Франко Џиролами, со кој минатата сезона заедно се натпреваруваа во „ПСС рејсинг тим“