Актуелниот шампион во бокс во тешка категорија Енди Руиз и поранешниот број 1 Ентони Џошуа се сретнаа за прв пат од нивниот натпревар на 1 јуни. Двајцата дадоа прес-конференција пред реваншот на 7 декември во Саудиска Арабија, откако си упатија меѓусебни закани.
Живата легенда на алпското скијање, Марсел Хиршер го објави крајот на својата кариера. Осумкратниот освојувач на големиот Кристален глобус веќе ја донел важната одлука откако навести на крајот на минатата сезона дека имал слични намери.
Белинда Бенчиќ им донесе радост на навивачите во Швајцарија откако е прва полуфиналистка на „Ју Ес Опен“ од земјата од 2001 година.
Швајцарецот Роџер Федерер, по поразот од Бугаринот Григор Димитров во четвртфиналето на УС Опен, беше разочаран, но и оптимист дека сепак може да победи на еден од следните Грен слем турнири.
Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев е со зголемен оптимизам по доброто издание против Бугарија минатиот викенд на турнирот „Чајка“.
Американката Серена Вилијамс ќе игра во полуфиналето на УС опен, откако ноќеска ја победи Кинеската Ванг Кианг во второто четвртфинале со 2:0.
Третиот турнирски носител Роџер Федерер (Швајцарија) рано утрово загуби со 3:2 од бугарскиот тенисер Григор Димитров во четвртфиналето на Грен слемот УС опен.
Во раното четвртфинале на денешната програма, Свитолина, рангирана под број 5, ја совлада британската тенисерка Јоана Конта со 6:4, 6:4 за 1 час и 42 минути.
Фернандо Алонсо ќе се врати во боксот на Формула 1 за ГН на Италија, откако Мекларен призна дека би бил опција да го замени младиот Британец Ландо Норис, ако повредата на ногата стане посериозна.
Макс Верстапен најверојатно ќе го започне италијанското Гран-при во недела од дното на колоната поради новата спецификација на моторот на Хонда, кој е 4-тa, со само 3 дозволени според правилата.