Лина Ѓорческа по подолго време со забележителен скок на ВТА ранг листата. Благодарение на пласманот во финалето на ИТФ фјучерс турнирот во Трнава, најдобрата македонска тенисерка напредуваше за 60 позиции и оваа недела ќе биде 343 светски рекет меѓу дамите.
Најзино најдобро рангирање на ВТА листата беше 170. место во јуни во 2017 година.
Лидер во женскиот тенис останува Австралијката Ешли Барти пред Симона Халеп од Романија и Каролина Плишкова од Чешка. Во топ 10 се и Елин Свитолина, Белинда Бенчич, Бјанка Андрееску, Софија Кенин, Кики Бертенс, Серена Вилијамс и Наоми Осака.