Шефот на Ферари, Луис Камилери вети изненадување за навивачите на првата трка во Мелбурн. Целото брендирање на „Mission Winnow“ (Мисија „Победа сега“) ќе биде отстрането од „СФ90“ за почетокот на сезоната, а тоа остава доста празно место на болидот.
Вкупно 40 сноубордери од Македонија, Бугарија, Грција и Романија се натпреваруваа во дисциплините слоупстајл, паралелен велеслалом и велеслалом на четвртиот ФИС натпревари во сноубординг што се одржа од 28 февруари до 4 март во Маврово во организација на клубот Полар и Скијачката федерација на Македонија.
Официјалниот снабдувач на гуми за Формула 1 – „Пирели“ – го откри изборот на тимовите за првиот круг од сезоната 2019 – Гран при на Австралија.
Мајката на поранешниот број 1 во светскиот тенис, и освојувач на три Гренд-слем титули, Енди Мареј – Џуди, изјави дека 31-годишниот Шкот дава сè од себе, за да се врати на теренот.
Естонскиот натпреварувач во крос-кантри скијање Алго Кјарп призна дека користел крвен допинг, пренесе естонската телевизија „ЕРР“. Спортистот признал дека ги користел услугите на германскиот лекар Марк Шмит. Двајцата се поврзале преку поранешниот тренер на репрезентацијата на Естонија по крос-кантри скијање -Мати Алавер.
Пилотот на Вилијамс, Роберт Кубица смета дека тимот не е добро подготвен за почетокот на сезоната. Британскиот тим ги пропушти првите два дена на тестовите во Барселона, а на последниот ден Кубица возеше 90 круга.
Спортистите од Океанија ќе добијат дозвола да учествуваат на Азиските игри во септември 2022 година во кинескиот град Хангжу.
Италијанецот Доминик Парис ја освои супер-џи трката од Светскиот куп во ски-алпски дисциплини во норвешкиот зимски центар Квитфел и запиша втор успех, откако вчера триумфираше во спуст.
Кинеската тенисерка Ифан Ван ја освои титулата на тенискиот турнир во Акапулко (Мексико). 24-годишната Ван ја победи Софија Кенин (САД) со 2:6, 6:3, 7:5 во 2 часа и 10 минути игра и ја освои својата прва ВТА титула во кариерата.
Етиопеецот Бирхану Легесе го освои маратон на улиците на главниот град Јапонија, Токио. Тој го надмина растојанието од 42.195 километри за 2:04.48 часа.