Британскиот тенисер, Енди Мареј, кој имаше операција на колкот, после цели девет месеци им се врати на победите на АТП турнири.

Мареј денеска на турнирот во кинескиот град Жухаи, го совлада Тенис Сандгрен со 6:3, 6:7, 6:1, и тоа е негова прва радост во сингл од 1 јануари наваму. Шкотланѓанецот во минатото беше и број 1 на АТП листата, а сега е дури 413-ти, па затоа победата над 69-тиот Сандгрен покажува дека Мареј напредува и може наскоро да се врати меѓу најдобрите.

Во август, Мареј загуби од Сандгрен, па ова беше реванш. Во следното коло, Мареј ќе игра со Алекс де Минаур, кој е 31-ви на светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/09/2019 21:36