Руската атлетичарка Марија Ласицкене е прогласена за најдобра спортистка во „кралицата на спортовите“ на европскиот континент за 2019 година, објавено е на веб-страницата на Европската атлетика асоцијација (ЕАА).
Гркот Стефанос Циципас најде место во полуфиналето на тенискиот турнир во Базел, по тешката победа од 3:6, 6:4, 6:4 над Србинот Филип Краиновиќ
Сателитскиот пилот на КТМ во МотоГП, Мигел Оливеира објасни дека промената во насоката на ветерот е причината за силниот пад што наметна појава на црвени знамиња на четвртата тренинг сесија на патеката „Филип ајленд“
Меѓународната асоцијација на новинари кои го следат скијањето, ја изгласаа Микаела Шифрин за скијач на годината
Поранешниот светски рекет број три, Стен Вавринка (Швајцарија) се квалификуваше во четвртфиналето на турнирот на домашен терен во Базел со награден фонд од 2,08 милиони евра
Маверик Вињалес со својот Јамаха мотоцикл беше најбрзиот пилот во втората слободна тренинг сесија на Мото ГП тркачкиот викенд во Австралија
Прилепскиот клуб за екстремни спортови „Скај рајдерс“ е организатор на суперфиналето од Европскиот куп во параглајдинг за оваа година кое ќе се одржува денеска и утре на полетувалиштето на Мечкин Камен, Крушево, а параглајдеристите кои се сместени во Прилеп ќе слетуваат во близина на селото Алданци
Бојан Костов се закити со бронзен медал на Светското првенство во карате за кадети, јуниори и младинци, кое се одржува во Сантијаго во Чиле.
Најдобрите тенисери на светот, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, денеска ќе одиграат егзибициски натпревар во главниот град на Казахстан, а на аеродромот во Нур Султан, беа топло пречекани со цвеќиња.
Властите во Токио предложија решение во кое маратонските и трките во брзо одење за време на Олимписките игри во 2020 година да се трчаат ноќно време