Руската репрезентативка во биатлон, Маргарита Василева, денеска доби забрана за настап во следните 18 месеци, бидејќи пропушти три допинг тестирања.

Оваа казна од една и пол година, не е максимална. Меѓународната биатлонска унија во предвид зеде една олеснителна околност за Русинката, а тоа е дека поради густиот распоред во Светскиот куп, не успеа да ги испочитува правилата според кои, спортистите мора секој ден да пријават кај допинг истражителите каде престојуваат.

Сепак, Василева нема да може да настапува во следните две зимски сезони. Руските биатлонци ги бие лош глас дека земаат стимулативни средства и дека подмитуваат за да се сокријат резултатите од допинг тестовите.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2019 21:28