Со три натпревари против Летонија, два сингл и еден во двојки, тениската репрезентација на Македонија, денеска го продолжува настапот на Дејвис купот што се одржува во Атина.
Македонската одбојкарска репрезентација денес ќе го има своето деби на евро-шампионатите. „Црвено-жолтите“ изборија историски пласман на 31. Европско првенство каде прв противник ќе им биде Финска. Натпреварот се игра од 17:30 часот во Љубљана.
Секогаш сакав да успеам да бидам меѓу најдобрите во светот, но дојде многу брзо, вели во ексклузивно интервју за МИА грчкиот тенисер Стефанос Циципас кој е седми на светската АТП листа и цели кон тоа да стане рекет број еден во светот.
Јос Верстапен, татко на пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, кажа што ќе биде пресудно за неговиот син да потпише нов договор.
Со свечено отворање, утрово во Атина почнува Дејвис купот, а тениската репрезентација на Македонија ќе го одигра првиот натпревар против Естонија, jави дописничката на МИА од Атина.
Техничкиот советник на Ред Бул Рејсинг – д-р Хелмут Марко – беше непопустлив и ги негираше сите гласини кои укажуваат на враќање на Себастијан Фетел во тимот, со кој Германецот ги освои сите четири светски титули.
– Ние сме млади и брзи, што повеќе можете да посакате? Сигурно ќе има ривалство, но не верувам во ситуации како онаа меѓу Луис Хамилтон и Нико Розберг во Мерцедес пред години, заврши Холанѓанецот.
Австралијката Ешли Барти се најде на првото место на најновата ВТА ранг листа, додека досегашниот лидер, Наоми Осака падна на четвртото место. Победничката на УС опен, Бјанка Андреску бележи напредок од 10 места и сега е петта.
Пилотот на тимот на Рено, Даниел Рикиардо, зборувајќи за Гран при на Италија, рече дека пицата му помогна да го заземе четвртото место.