Тениската репрезентација на Северна Македонија, на Дејвис купот во Атина што се одржа од 11 до 14 септември, не успеа да опстане во третата европска група и по вчерашниот пораз од Монако во натпреварот за опстанок, оди една зона подолу.
Одбојкарската репрезентација на Северна Македонија го доживеа и третиот на Европско првенство (ЕП), откако попладнево во Љубљана нашата селекција загуби од Русија со 0-3 (15-25, 16-25, 28-30).
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури оствари изненадувачки тешка победа над Ото Валин на меч што се одржа во Лас Вегас. „Циганскиот крал“ победи на поени (116-112, 117-111, 118-110) против цврстиот Швеѓанец по 12 исцрпувачки рунди што ја оставија публиката без здив.
На езерото „Младост“ денеска ќе се одржи Велешкиот пливачки маратон кој годинава станува меѓународен со учество на пливачи од Бугарија, Србија, Косово и Турција.
Пилотот на Јамаха, Валентино Роси откри дека е изненаден кога ги видел сите четири мотоцикли на неговиот конструктор во првите 5 по првите две слободни тренинг сесии на тркачкиот викенд во Сан Марино.
Одбојкарската репрезентација на Македонија го доживеа вториот пораз на Европското првенство (ЕП) во во Словенија, откако со 3-0 (25-20, 25-23, 25-13) сетови загуби од Турција.
Вештачки снег на Летните олимписки игри во Јапонија – гласи новата, нестандардна идеја на организаторите на форумот во Токио, со цел – борба против високите температури кои се очекуваат за наредното лето.
Јапонката Наоми Осака го отпушти тренерот Џермејн Џенкис, со кого работеше од февруари. Ова го објави самата атлетичарка на нејзиниот Твитер.
Одбојкарската репрезентација на Македонија доживеа пораз од Финска со 3-1 (25-23, 25-22, 23-25, 25-21) во својот деби натпревар на Европското првенство (ЕП) кое се игра во Словенија, Белгија, Франција и Холандија.
Шефот на Ферари, Матија Биното е задоволен од развојот на Мик Шумахер, син на легендата на „Скудерија“ и седумкратниот светски шампион – Михаел Шумахер. Биното дури изјави дека ќе дојде моментот кога тој ќе влезе во Формула 1, односно кога 20-годишниот Германец ќе биде целосно подготвен.