Роџер Федерер со победа ја почна одбраната на трофејот на турнирот во Перт, Австралија.
Спортскиот директор во Формулка 1, Рос Браун, искажа пофални зборови за пилотот на Ред Бул, Макс Ферстапен.
Американката Микаела Шифрин вчера во Земеринг ја забележа 36. слаломска победа во Светскиот куп и стана најуспешна скијачка во оваа алпска дисциплина.
Над 30 деца со посебни потреби од Македонија, Бугарија и Србија ќе учествуваат денеска на меѓународниот натпревар за адаптивно пливање.
Светскиот рекет број 1 во машкиот тенис, Новак Ѓоковиќ ја започна новата сезона со трофеј, иако на егзибициски турнир во Абу Даби. Србинот го совлада Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 4:6, 7:5, 7:5 за нешто повеќе од два часа игра.
Американката Микаела Шифрин ја постигна рекордната 15-та победа за календарската 2018 година, откако триумфираше во слалом во Земеринг, Австрија. Шифрин даде најдобро време во првата трка и со прецизно возење во втората забележа успех со вкупно време од 1:42,99 минути.
Италијанецот Доминик Парис ја освои „Супер-Џи“ трката во Бормио, дел од Светскиот куп во алпско скијање. Миленикот на локалната публика даде време од 1:29,95 минути и беше само со 1 стотинка од секундата побрз од вториот Матијас Мајер од Австрија.
Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер можно е да стави крај на кариерата во 2020 година.
Пилотот на Ферари, Себастијан Ветел, смета дека следната сезона треба да добие болид со подобри перформанси за да може да им парира на возачите на Мерцедес.
Шефот на Мекларен, Зек Браун, смета дека тимот е на пат да се искачи кон челото на колоната. Тимот од Вокинг заврши на шестото место во пласманот кај конструкторите, но не го постигна очекуваниот успех по преселувањето од Хонда на Рено.