Пилотот на Ферари, Себастијан Ветел, смета дека следната сезона треба да добие болид со подобри перформанси за да може да им парира на возачите на Мерцедес.

– Ни треба поконкурентен автомобил. Оваа година бевме брзи на некои трки, а на други не толку. Но, во повеќето случаи, ние прилично немавме брзина. Знаеме во која насока треба да се движиме. Имаме многу работа, од минатото нашиот тим научи многу корисни лекции. Не бевме доволно силни за да се бориме за титулата, изјави Фетел.

Германецот посочи и на развивање на тимската работа.

– Имаме одлични стручњаци во нашиот тим. Ги имаме сите потребни ресурси за да го искористиме најдоброто од технологијата. Треба да ја подобриме тимската работа и да сториме сé што е можно, така што во иднина да имаме побрз автомобил на располагање, па тимот ќе стане посилен.

Ферари мината сезона не успеа во борбата за трофејот против најголемиот ривал Мерцедес.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/12/2018 10:38