Според „Би-Би-Си Спорт“, повикувајќи се на анонимен извор од ФИА, Бин Сулејем имал директно влијание врз одлуката на стјуардите да ја поништат казната од 10 секунди на Фернандо Алонсо на минатогодишното Гран При на Саудиска Арабија.
Трикратниот светски шампион има договор со неговиот актуелен тим Ред Бул до крајот на 2028 година. Сепак, последните информации од боксот се дека тој би можел да се раздели со „биковите“ доколку Кристијан Хорнер остане на чело на тимот.
Поправката и подобрувањата на патеката „Барселона-Каталуња“ ќе чинат 20 милиони евра повеќе од првично планираното, објави весникот „Ел Мундо Депортиво“.
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа има пад за шест места на денешното рангирање на ВТА листата. Таа се наоѓа на 241. место со 312 поени или седум помалку од претходната недела.
Јос Верстапен, таткото на актуелниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен, соопшти дека неговиот син може да го напушти Ред Бул, ако остане тимскиот менаџер Кристијан Хорнер.
Мексиканскиот боксер Луис Алберто Лопез ја зачува титулата во перолесна категорија во IBF верзијата, совладувајќи го Јапонецот Реија Абе изминатата ноќ во Њујорк.
Двократниот олимписки првак и прв фаворит Елиуд Кипчоге од Кенија се пласираше денеска на скромното десетто место на големиот маратон во Токио, што испраќа порака дека сè уште е далеку од посакуваната форма пред летните Олимписки игри во Париз.
Третиот носител Австралиецот Алекс де Минаур ја одбрани титулата на АТП Мексико Опен во Акапулко, совладувајќи го во финалето Норвежанецот Каспер Руд со 6-4, 6-4.
Холанѓанката Фемке Бол го подобри сопствениот светски рекорд на 400 метри во сала, истрчувајќи ја патеката синоќа на Светското првенство во сала во Глазгов во време од 49 секунди и 17 стотинки.
Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул) победи попладнево на првата трка од новата сезона во Формула 1 што се возеше за Големата награда на Бахреин.