- Го променивте начинот на кој ги гледаме жените во светот на кинематографијата. Ни дадовте нова слика за нас самите, рече француската актерка Жилиет Бинош, доделувајќи и ја наградата на американската актерка.
Во Кан, Франција, утре почнува 77. Меѓународен филмски фестивал, којшто ќе го одбележи враќањето на ѕвезди како Мерил Стрип, Френсис Форд Копола и Катрин Денев, а за главната награда - „Златна палма“ ќе се борат 22 остварувања.
Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.
Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување по обвиненијата за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во Третото одделение на париската полиција, а доцна попладнево му бил укинат притворот, соопшти париската полиција.
Полицијата во Франција го приведе познатиот актер Жерар Депардје на сослушување поради обвинение од две жени за сексуално вознемирување за време на снимање филм.
Квентин Тарантино веќе не планира да го снима „Филмски критичар“, проект за којшто претходно изјавуваше дека би бил неговиот последен филм како режисер. Во средата е потврдено дека режисерот го ставил проектот во мирување.
Американскиот глумец Леонардо ди Каприо наводно ја добил улогата на Френк Синатра во новиот филм на режисерот Мартин Скорсезе.
Џејмс Мекавој глуми во американската преработка на „Speak No Evil“ („Не говори лошо“) - дански психолошки трилер-хорор од 2022 година. Филмот ќе се прикажува во киносалите од 13 септември годинава.
По светскиот успех на филмот „Барби“, Марго Роби повторно му се навраќа на „светот на пластиката“... Се подготвува филм заснован на друштвената игра „Монопол“, пишува „Варајети“.
Американскиот режисер Вуди Ален (88) изрази незадоволство од сегашната состојба со кинодистрибуцијата. Според него, самата „долговечност на филмовите“ во кината значително се намалува со годините.