Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност.
На последниот ден на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи панел-дискусија „Улогата на филмот во деинституционализацијата“.
Британскиот режисер Дени Бојл се откажа од работата на новиот филм од серијалот „Џемс Бонд“ поради креативни несогласувања, соопштија продуцентите и главниот актер на филмската франшиза.
Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од утревечер ќе почне да се прикажува во Скопје.
Три филма на првата генерација „Докуникулци“ која произлезе од минатогодишната летна школа на „МакеДокс“ ќе бидат премиерно прикажани на годинашното издание на фестивалот.
Хилари Клинтон и Стивен Спилберг ќе копродуцираат телевизиска серија за правото на жените на глас, која го носи името „Часот на жената“.
Глумците Џон Траволта (64) и Оливија Њутн Џон (69) го прославија 40-тиот роденден на познатиот мјузикл „Брилијантин“, во кој ги играа главните улоги.
Екипата за новиот игран филм на Милчо Манчевски насловен „Врба“ два дена снима сцени во Прилепско. Вчера беше во околината на манастирот Трескавец и тоа е првиот од двата дена претснимање сцени за филмот.
Бугарскиот филм „Ага" на режисерката Милка Лазарова е прогласен за најдобар игран филм на 24. Филмски фестивал во Сараево и ја доби наградата „Срцето на Сараево“.
Квалитетна филмска програма и познати имиња на светската кинематографија се очекуваат на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој ќе се одржи од 22 до 29 септември во Битола, а чии подготовки влегуваат во својата завршница.