Девеесет и шестото доделување на Оскарите, престижната награда на Академијата за филмски уметности и науки ќе се одржи вечерва во театарот Долби во Холивуд. Водител на шоуто ќе биде Џими Кимел.
Адам Сендлер нема да добие „Оскар“ овој викенд за комедијата „Случајни детективи 2“ (Murder Mystery 2), но може да се утеши со фактот дека овој филм му помогна да стане најплатениот глумец во Холивуд за изминатава година, според списанието „Форбс“.
Одговорната реквизитерка, која го наполни пиштолот на Алек Болдвин при пукањето и убиството на снимањето на филмот „'Рѓа“ (Rust), Хана Гутjерез-Рид е осудена за убиство од небрежност. Освен тоа, таа е прогласена за невинa по втората точка од обвинението - манипулација со докази.
Меѓу избришаните се и единствените две сцени со ликот Туфир Хават (глумен од Стивен Меккинли Хендерсон) од првиот дел од „Дина“.
Пред наддавањето, аукционерите ја проценија вредноста на кошулата меѓу 8.000 и 11.700 евра.
Крис Хемсворт, Двејн Џонсон, Зендеја, Мишел Фајфер, Бед Бани, како и оскаровците Николас Кејџ и Ал Пачино се меѓу новообјавените доделувачи на овогодишните „Оскари“.
Се подготвува четвртиот филм од романтично-комичната сага за Бриџит Џонс, при што главната улога повторно ќе ја толкува Рене Зевлегер. Продукцијата почнува овој мај во Лондон, Велика Британија.
Добитник на Златната мечка за најдобар филм на годинашниот 74 Берлински филмски фестивал е францускиот експериментален документарен филм „Дахомеј“ за враќањето во Африка на конфискуваните уметнички дела во периодот на колонијализмот.
Серијалот филмови „Истребувач“ (Blade Runner) ќе добие уште едно продолжение, во облик на минисерија. Според наводите, снимањето на третиот дел под наслов „Истребувач 2099“ ќе почне пролетва.
Нова песна на „Битлс“, произведена со мала помош од вештачката интелигенција и со вокалот на Џон Ленон, ќе биде објавена денеска.