Новата ТВ-серија под наслов „Живи мртовци: Светот од другата страна“ (Тhe Walking Dead: World Beyond), доби доста критики затоа што двајца од главните ликови се хомосексуалци. Продуцентите на Твитер ги повикаа критикувачите да не ја гледаат серијата
Прикажувањето на новиот „Џејмс Бонд“ филм – „Нема време за умирање“ (No Time to Die), e повторно одложенo – овојпат за 8 октомври, oвaa 2021 година
Стрим-платформата „Дизни плус“ од февруари ќе ги репризира првите, оригинални пет сезони од „Мапет шоуто“ oд 1970-тите
Sвездата на „Игра на престоли“, Емилија Кларк најде купувач за нејзината куќа на плажата „Венеција“ во Лос Анџелес. На неа таа ќе заработи 4,4 милиони долари, според податоци на агенцијата за недвижнинни, „Даглас Елиман“.
Стрим-платформата Нетфликс се заложи дека ќе објавува најмалку по еден нов филм секоја недела оваа 2021 година
Најавата дека серијата „Сексот и градот“ се враќа со уште најмалку една сезона предизвика возбуда кај обожавателите, но и разочарување оти еден од главните ликови, Саманта Џонс нема да се појави во новите епизоди
Францускиот актер Клод Брасер почина на 84-годишна возраст. Синот на Пјер Брасер и романсиерката Одет Жоаје, имаше добиено два Цезари за комедијата „Слонот мами премногу“ во 1977 година и за„ Војната на полициите “ во 1980 година, јави дописникот на МИА.
По успешната соработка на првите две сезони од серијата Star Trek Discovery, македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х ја заврши работата на третата сезона, во која беше ангажирана од четвртата до 13-та епизода
Холивудската ѕвезда Харисон Форд уште еднаш се враќа во улогата на Индијана Џонс. Тоа ќе биде петтиот и, најверојатно – последниот филм од серијалот
И покрај бројните барања, меѓу другото – и на дел од британските власти, Нетфликс официјално одби да ја обележи четвртата сезона од серијата „Круна“ како фикција