Твенти сенчури фокс (20th Century Fox), еден од најпознатите брендови во историјата на филмската ТВ индустрија веќе не постои, откако сопственикот, компанијата „Волт Дизни“, објави дека од денеска ќе се вика само „Твенти телевижн“ (20th Television).
На американскиот глумец Крис Прат и писателката Кетрин Шварценегер им се роди ќерка. Тоа прв го објави помалиот брат на Кетрин – Патрик, во изјава за „Ентертејнмент тунајт“.
Италијанската актерка Франка Валери, позната комичарка, почина денеска на 100-годишна возраст во нејзиниот дом во Рим.
Џенифер Гарнер и Бредли Купер беа забележани и фотографирани на плажа, заедно со неговата тригодишна ќерка Леа.
Џенифер Греј, која покрај Патрик Свејзи глумеше во романтичната драма „Валкан танц“ (Dirty Dancing), ќе се појави и во продолжението на класиката од 1987 година, објави денеска филмското студио „Лајонсгејт“.
Двојниот оскаровец Том Хенкс е во преговори со компанијата „Волт Дизни“ за улога во играната верзија на „Пинокио“, и тоа како дрводелецот Џепето.
Во разговор со Гвинет Палтроу што беше пренесуван во живо на Јутјуб, Камерон Дијаз рече оти „душата ѝ е мирна“ откако го напуштила Холивуд.
По повеќе од една година подготовка на сценариото и огромното внимание што беше посветено при изборот на глумците, овој викенд започнува снимањето на биографскиот филм за славниот покоен српски пејач Тома Здравковиќ.
Компанијата „Волт Дизни“ повторно ги одложи премиерите на три големи филма, што е уште еден удар врз филмската индустрија, која се бори да ја преживее пандемијата
Глумецот Дејвид Швимер, попознат како Рос од „Пријатели“, за американската емисија „Тунајт шоу“ откри дека продолжението на светски познатата серија би можело да се снима во карантин…