Крушево годинава ќе биде домаќин на 48-от Државен фестивал на непрофесионалниот филм, информираат од крушевската локална самоуправа. Фестивалот треба да се одржи во мај и се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија. Тие ќе се натпреваруваат во категориите: документарин филм, краток игран филм, експериментален филм, анимиран – цртан филм, едноминутен филм.
Американската ТВ платформа и продукциска куќа Нетфликс соопшти дека ќе сними телевизиска серија според познатиот роман на Габриел Гарсија Маркез – „Сто години самотија“, откако ги доби авторските права од семејството на колумбискиот книжевник.
Од 8 до 14 март во „Котур-кафе“ ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма.
Управата за заштита на културното наследство (УЗКН) во соработка со Кинотека на Македонија и со финансиска поддршка од инструментот на Европската Унија – ТАЕКС организираше работилница „Дигитализација на филмското наследство – етиката во конзервацијата на филмското наследство“.
Откако филмот „Рома“ на Нетфликс во режија на Алфонсо Куарон минатата недела освои три Оскари, филмскиот режисер Стивен Спилберг го повтори ставот дека стриминг сервиси како Нетфликс не треба да се натпреваруваат за наградите на Американската филмска академија.
Новото продолжение на филмскиот серијал за Рамбо „Rambo Last Blood“, петти и последен дел од познатата франжиза, премиерно ќе биде прикажан на 20 септември, а главната улога ја толкува Силвестер Сталоне.
Продолжението на хорор-хитот „Тоа“, чија премиера е планирана на есен, ќе ја содржи досега најкрвавата сцена во историјата на хорор-филмовите, откри ѕвездата Џесика Честејн.
Холандската глумица Фамке Јансен првпат по подолго време се појави во јавност и ги изненади своите обожаватели со, според многумина, неприродниот изглед по неколкуте пластични операции.
Се појави првата кратка најава на долгоочекуваната биографија „Ирецот“ (The Irishman) во која играат Роберт де Ниро, Ал Пачино, Харви Кајтел, Џо Пеши и Боби Канавале.
Мексиканскиот режисер Алехандро Гонзалез Ијариту, кој меѓу другите е автор на филмовите „Повратникот“ или „Бирдман“, ќе претседава со жирито на 72-от Кански филмски фестивал, што ќе се одржи од 14 до 25 мај, соопшти денеска организаторот на Фестивалот.