Проектот за унапредување на воспитно-образовниот процес и секојдневната грижа на децата со посебни образовни потреби од основните училишта, кој е дел од програмата „Општинско-корисна работа" за 2018 година, е успешно реализиран во соработка со УНДП, соопшти Општина Аеродром
Градот Скопје соопшти дека изработува нов Локален акционен план за заштита на животната средина, па за таа цел изготви анкетен прашалник, наменет за граѓаните на Скопје, заради добивање на потребните податоци, односно лични видувања за проблемите со кои граѓаните се соочуваат, каде ги гледаат причините за тоа и кои се нивните приоритети за понатамошните активности на градот
Владата на денешната седница донесе одлука за одобрување средства од Буџетот на Република Македонија за 2019 година во висина од девет милиони денари за замена на системот за греење на студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје.
Поради уличен дефект ф-80мм на ул.Варшавска бб (во близина на СУГС Ѓорѓи Димитров), прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците на потегот од ул.„Варшавска“ до ул. „Октомвриска револуција“
Вкупно 252 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот биле санкционирани во текот на минатата недела од ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје.
Предвиденото нанесување на финалниот асфалтен слој, инфомираат од Град Скопје, ќе се изврши веднаш штом се создадат соодветни временски услови за непречена работа.
На дел од булеварот „Партизански одреди“ во Скопје денеска ќе биде воведен привремен сообраќаен режим поради изведување градежни работи.
МВР ги информира граѓаните дека утре и задутре, на 14 и 15 јули ќе има посебен сообраќаен режим во времето од 19.00 до 06.00 часот, поради снимање на рекламен спот од „Пигменто студио“ од Скопје.
Во рамки на фестивалот „Summerland” во Градски парк и денеска ќе се одржат неколку настани и музички перформанси.
Град Скопје ги информира граѓаните дека поради изведување на градежни работи на дел од булеварот „Партизански одреди“, утре (14.07.2019 година, недела) ќе се воведе привремен сообраќаен режим