На територијата на општина Центар во изминатите две недели се санкционирани 386 непрописно паркирани возила. Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 144 возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, а со поставување на механичкото средство „блокатор“ санкционирани се 242 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници.
Комуналните редари на Градот Скопје изминатиов период ги засилија контролите на терен што резултираше со зголемување на казните и опомените и видливи резултати, значително подобрени во однос на претходните години.
Општина Центар од денеска го става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2
Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа во Град Скопје, утре ќе бидат без струја делови од Ѓорче Петров, Карпош и Аеродром
Општина Карпош, од 12 до 14 јуни 2019, во Охрид учествуваше на меѓународната манифестација НУТРИКОН 2019
Ќе се отстрануваат објектите кај кои е утврдено дека и покрај немање одобрение за поставување урбана опрема од Град Скопје, тие ја поставиле опремата и направиле тераси со што бесправно узурпирале јавен простор.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу јавно им се заблагодари на сите бизнисмени кои го испочитуваа законот и сами ги отстранија терасите за кои не поседуваа дозвола.
По Романците најуспешни беа Турција и Србија, а во државите кои освоија медали се вбројуваат уште, Бугарија, Босна и Херцеговина и Италија.
Во изминатиот период, Општина Карпош инвестираше во подобра инфраструктура и ги реконструираше дел од фудбалското игралиште во Бардовци, како и спортските терени до игралиштето
Одделението за безбедност на патниот сообраќај денеска од 18 до 23 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот поради концертот на пејачот Здравко Чолиќ, што ќе се одржи на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20 часот