Вкупно 140.809 тони комунален отпад биле собрани и транспортирани во изминатите 12 месеци, што претставува зголемување за 2.612 тони или 1,74 проценти во однос на минатата година, информираат од Јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
Автобусите од јавниот превоз во Скопје за новогодишните и божикните празници ќе сообраќаат по изменет возен ред.
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре (понеделник) без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. „Тодор Александров“, кај Амбасадата на Република Турција, во Општина Центар.
Без вода утре од 9 часот ќе останат корисниците од улицата Козле од број 1 до број 55 (само непарните броеви) во Општина Карпош.
Од 15 декември до 31 декември, Градот Скопје за граѓаните во главниот град подготви најразлични доживувања и незаборавна забава за новогодишните празници во новогодишната населба „ВИНТЕРЛЕНД“ на плоштадот „Македонија“.
Во македонската метропола граѓаните кои го користат јавниот градски превоз може да чекаат автобус и до 80 минути. Според постојниот возен ред, актуелен од 1 јануари 2017 година, најчестите автобуси се на седум минути, а автобус може да чекате и до 80 минути. Граѓаните реагираат дека треба да има почесто автобуси бидејќи, кога е шпицот, тие се преполни и нема место за да влезат во автобусот.
Министерството за внатрешни работи од 13 часот ќе воведе посебен сообраќаен режим на сообраќајницата пред Владата на Република Македонија поради најавен протест.
Во Центарот за бездомници на Црвен крст денеска градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов заедно со волонтери од Црвен крст поделија пакети со топла облека за бездомниците.