Преку 30 занаетчии – креативци ќе се претстават денеска на КрафтАРТ Фест што традиционално се одржува во хотелот „Арка“ во Старата скопска чаршија пред новогодишните празници.
Општина Центар соопшти дека веќе неколку години прави напори навремено да ги информира граѓаните за своите активности, со овозможување на полесен и побрз пристап до податоци.
Насилно се отстранети заштитните столпчиња, долж тротоарот, кај основното училиште „Војдан Чернодрински”, во урбаната заедница Владо Тасевски (Млечен), соопшти општина Карпош.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов го означи почетокот на новогодишното празнување и посочи дека пред нас се денови што носат радост кај луѓето, што зрачат топлина во семејството, радост за децата, што носат желби за подобра иднина, здравје и благосостојба на граѓаните.
Министерството за внатрешни работи информира дека викендов ќе биде затворен големиот паркинг на Водно.
Деновиве започна хуманитарниот проект „И јас сум Дедо Мраз“, преку кој се собираат подароци за деца од сиромашни семејства и висок социјален ризик.
Палењето на светилките на елката точно во 19 часот ќе го означат отворањето на новогодишната населба Винтерленд. Во неа ќе се случуваат многу настани, кои ќе придонесат за збогатување на новогодишната атмосфера на граѓаните. Идејата на градот е да се долови празничниот амбиент во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
Во недела на 23 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во центарот на главниот град. Трката покрај натпреварувачки, има и забавен карактер и на неа може да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители. Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk.
Подрачното основно училиште „Гоце Делчев“ во Долно Лисиче од оваа грејна сезона почна да користи пелети за греење, заменувајќи го досегашниот систем на нафта. Котелот на пелети го набавија општина Аеродром и Бирото за регионален развој со заеднички средства.
– Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија.