– Ова е еден од деловите каде во изминатиот период, најчесто несовесни граѓани, палеа огнови и со тоа го загадуваа воздухот, а се создаваше и дива депонија.
На Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска ќе се одржи 22-та Ораторска вечер „Иво Пухан“.
Како што информираат од општината, извршени се повеќе контроли во однос на палење оган на јавна површина при што на физичките лица им се изречени опомени. Воедно, извршени се и инспекциски надзори на градилишта при што е констатирано дека товарните моторни возила редовно ги чистат тркалата при влегување во сообраќај.
Разговорите меѓу претставницте на ЕВН, дел од жителите од бул. „Македонско Косовска бригада“ и локалната самоуправа завршија со предлог решение за проблемите со снабдувањето со електрична енергија кои се јавуваат речиси секоја зима кај овие корисници, информираат од ЕВН Македонија.
Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје – канцеларија за развој на полицијата денеска во основното училиште „Лирија“ почна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“.
Вкупно 20 инструменти не работат. Ако еден чини 15,000 евра, тогаш само за да се заменат ќе чини 300,000 евра. За да се постават основните мерења на сите постоечки станици, како за PM2.5, озон, CO, SO2, тогаш потребни се уште 225,000 евра.
Најубавото нешто на светот е детската насмевка, а Новата година е вистинко време да подариме насмевки на детските лица.
Бројот на превезени патници на Меѓународниот аеродром во Скопје достигна два милиона од почетокот на годинава. Двамилионитиот патник кој беше пречекан со свеченост на аеродормот е Ивана Николоска од Прилеп која живее во Мелбурн, а претпладнево пристигна со летот на „Катар Ервејс“ од Доха.
Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски денеска донираше осум прочистувачи за воздух за сите јаслени групи во градинките.
Посебен режим на сообраќајот низ централното подрачје во Скопје ќе има денеска попладне поради одржување на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ.