Одделението за превенција на СВР Скопје во соработка со општина Чаир и Мисијата на ОБСЕ во Скопје – канцеларија за развој на полицијата денеска во основното училиште „Лирија“ почна со реализација на проектот „Сообраќајни училишни единици“.

Како што соопшти МВР, целта на овој проект е зголемување на безбедноста во соообраќајот, особено на учениците во основните училишта.

Во рамки на овој проект е формирана училишна сообраќајна единица во која членуваат 20 ученици. Обучените членови на училишната сообраќајна единица во наредниот период ќе ги демонстрираат стекнатите знаења и вештини за обезбедување премин на ученици, спроведување сообраќајно-воспитни активности и манифестации и укажување на грешките на учесниците во сообраќајот на повеќе сообраќајници во непосредна близина на своето основно училиште на подрачјето на општина Чаир.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/12/2018 17:11