Во просториите на Град Скопје денеска беа презентирани физибилити студијата и идејниот проект за изградба на булеварот Никола Карев, на потегот од крстосницата со булеварот Словенија до обиколницата. На презентацијата присуствуваше и градоначалникот Шилегов, како и претставници на засегнатите стопански субјекти од индустриската зона во Визбегово, што се наоѓаат по должината на трасата, коишто се вклучија во дискусијата.
Град Скопје апелира до стопанските субјекти да ја почитуваат забраната за запирање на возилата за доставување стока во централното градско подрачје во периодот од 7:30 до 18 часот.
Извадените месечни и годишни карти за паркингот кај „Холидеј ин” ќе може да се користат во катните гаражи „Солунски конгерс”, „Разловечко востание” и „Кресненско востание” на трошок на АДСДП.
Извадените месечни и годишни карти за паркингот кај „Холидеј ин“ ќе може да се користат во катните гаражи „Солунски конгерс“, „Разловечко востание“ и „Кресненско востание“ на трошок на АДСДП.
– Мерната станица на оваа локација изминатиов период покажува висока концентрација на ПМ10 честички, а со зазеленување на овој простор ќе се влијае на намалување на загадувањето.
Ново прекопување на улица во Скопје е со тенденција да биде најдолгоправената градежна операција во градов. Се работи за крстосницата меѓу улиците „Водњанска“ и „Железничка“.
Редакцијата на „Слободен печат“ ги повикува сопствениците на парцелата пред хотелот „Холидеј Ин“, која сега е паркинг, каде што треба да никнат пет кули, заедно со општинските и градските власти, да го испочитуваат јавниот интерес и да најдат начин просторот да се пренамени за изградба на парк.
Голема фама во јавноста се крена и по сознанието дека токму на тоа место ќе никнат 60-катници предвидени со урбанистичкиот план.
Со новиот ДУП се предвидува изградба на станбени згради од приземје, пет ката и поткровје, со височина од 21 метар, потоа изградба на ново училиште, како и објекти за потребите на Министерството за одбрана.
До општина Центар досега нема доставено ниту проект ниту барање за издавање дозвола за градба на висококатница, но и да биде доставено такво барање тоа ќе биде одбиено, бидејќи планот за делот каде е планирана изградбата на висококатниците е под мораториум и се ревидира, како и триесеттина други планови во општината, изјави денеска градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.