Базар на рачно изработени производи, детска ликовна колонија и повеќе други придружни активности, ќе се одржат денеска и утре во дворот на Марковиот манастир – „Свети Димитриј“
Градот Скопје досега ослободил 15 отсто од вкупниот број заробени стебла и корења на дрвјата со градежен материјал поставен при нестручно изведени градежни активности, кои се во негова надлежност.
Град Скопје планира до крајот на годинава да се заврши со изградба на булеварот до спортската сала Јане сандански, преку кој потоа со мост треба да се изведе сообраќајно поврзување со Ќерамидница. Мотстот, според градоначалникот Петре Шилегов, треба да почне да се гради есенва.
Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот долж наведената траса а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денеска изјави дека ќе биде распишан нов тендер за изградба на „зиплајн" од тврдината Кале до Градски парк, откако претходниот бил поништен поради тоа што понудувачите не доствиле комплетна документација.
Министерот за економија Крешник Бектеши во коментар на најавите на премиерот Зоран Заев за разрешување на владини функционери поради незадоволство од нивната работа вели дека за кадрите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) од која што е тој дел, одлучува партијата и нејзиниот лидер Али Ахмети.
Екипите на Град Скопје почнаа да поставуваат плочки со имињата на новородените деца на дрвјата во градските дрвореди, во рамки на проектот „Дрво за секое дете“. На кејот на реката Вардар, зад Воениот стадион во Градскиот парк, денеска беа поставени 20-тина плочки на новите дрвја што беа засадени во минатата акција за зазеленување на градот.
Базар на рачно изработени производи, детска ликовна колонија и повеќе други придружни активности, ќе се одржат утре и задутре во дворот на Марковиот манастир – „Свети Димитриј“.
По повод годишнината од трагичните настани во кумановско „Диво насеље“, утре ќе се одржи традиционалната меморијална велосипедска тура „Почесен круг со велосипеди во чест на загинатите припадници на МВР“, на која учество ќе земат околу 150 велосипедисти на релација Куманово-Гостивар.
Годинава, 24-тото издание на ICAMES се одржа од трети до деветти мај во Истанбул, Турција, во организација на Друштвото на инженери од Универзитетот Богазиџи.