Во најскоро време стартува нов, еднонасочен режим на сообраќај за улицата „Прашка“, во населбата Тафталиџе 1, којшто ќе биде воспоставен со нова хоризонтална и вертикална сигнализација
Патниците кои ќе имаат вечерни летови, пак, ќе треба да пристигнат на аеродромот најдоцна до 15:30 часот, бидејќи од 16:15 часот патот до Меѓународниот аеродром Скопје ќе биде затворен за сообраќај.
Град Скопје и ЈСП информираат дека од 8 до 10 часот, по вообичаената траса ќе возат: 2, 2А, 12 и 19 и сите приградски линии.
Од 7 до 16 часот во вторник за време на Апостолската посета на Папата Франциск ќе има посебен режим на сообраќање на возилата од јавниот превоз, соопшти ЈСП Скопје. Линиите 3, 3Б и 25 воопшто нема да бидат во функција. Превозот ќе биде бесплатен за сите граѓани.
На покана на Фондацијата Friedriech Ebert Stiftung (FES), градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, од 06-ти до 11-ти мај, ќе биде во студиска посета на Германија. Заедно со претставници од локалните самоуправи на повеќе земји, во меѓусебните дискусии, ќе разменат искуства во врска со социо - еколошките трендови во општините.
Околу 12.500 натпреварувачи од 58 држави ќе учествуваат на 15. јубилеен Виз Ер Скопски маратон што ќе се одржи утре низ улиците во нашиот главен град.
Универзитетската Клиника за хематологија денеска соопшти дека за време на одржување на Виз Ер скопскиот маратон на 4 мај со почеток во 8 часот, на штандот бр. 20 на Клиниката може да се запишат во Националниот дарителски регистар на коскена срцевина.
Околу 50 учесници кои трчаа на Скопско ноќно трчање на 5, 21 и 42 километри, ќе трчаат и на Скопскииот маратон како поддршка на лицата со ретки болести за кои не постои терапија.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје почнувајќи од денес (03.05.) во 19 часот, до утре (04.05.) до 18 часот, поради утрешното одржување на традиционалната спортска манифестација – „Виз Ер Скопски Маратон 2019“ со почеток во 08,30 часот, ќе воведе посебен сообраќаен режим долж трите тркачки патеки во рамки на манифестацијата.
Во осумте општински основни училишта во Кисела Вода, од денеска до 31 мај 2019-та, согласно член 45, 46, 47 и член 50 од Законот за основно образование (Сл.весник на РМ бр. 67/2017 година) ќе се врши запишување на деца во прво одделение, информираат од општината