„Отворен ден на УКИМ“ организира Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје в петок (1 декември) на секој од факултетите во негов состав, во два термина - од 10 до 12 часот и од 12 до 14 часот.
Греењето на подрачјето на град Скопје за сите потрошувачи се одвива од 6 до 22 часот и со внатрешна температура меѓу 20 и 21 степен, како што е пропишано во регулативата
Муцунски во својата објава нагласи дека станува збор за прва инвестиција за реконструкција на училишната зграда и уредување на дворот што истовремено е исполнување на едно од главните барања на граѓаните кои живеат во овој дел од општината.
Оттаму посочуваат дека Службата е се уште на терен и ќе биде активна и во текот на ноќта и доколку се јави дополнителна потреба.
Трговскиот центар Ист Гејт Мол денеска беше евакуиран, откако претходно се вклучиле противпожарните аларми.
Градоначалникот Муцунски говорејќи за реконструкцијата на спортското игралиште, на својата Фејсбук страна потенцираше дека Аеродром е убава општина и граѓаните го препознаваат тоа.
Од МВР апелираат да се почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвиваат протестите.
Во делот на социјалната заштита Аеродром доби нова детска градинка „Црвенкапа“ со капацитет од над 200 дечиња, беа изработени проекти за изградба на уште две нови градинки, а објектите „Пчелка 2“ и „Лале“ добија целосно нови и енергетски-ефикасни фасади.
Ангелов соопшти дека и покрај неговото укажување во повеќе наврати, коцките можат да се забележат повторно на самиот раб од мостот.
Со инвестиција од буџетот на Општина Аеродром и завршување на градежните активности кои се одвиваа изминатиот период, градинката „Пчелка 2“ во населбата Лисиче доби целосно нова енергетски-ефикасна фасада.