Преземаме иницијатива за целосно чистење на овој дел, заедно со Градот Скопје и јавните претпријатија. Исто така, преку повик ќе ги повикаме сите општествено одговорни фирми, градежни компании, да се приклучат во чистењето на овие депонии кои со години претставуваат рак – рана на овој дел од нашиот град, рече Богоев
Градоначалникот Петре Шилегов денеска беше назначен за претседател на Мрежата на здруженија на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС), на Генералното собрание на оваа значајна организација што се одржа во Скопје.
Шахтите на скопскиот плоштад денеска се заваруваат од страна на екипи на „Водовод и канализација“.
Во соработка со Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, три локации во Општина Карпош дополнително ќе се раззеленат и облагородат. Булеварот „8. Септември“, од двете страни на улицата, на аголот помеѓу ул. Љубљанска и ул. „Волгоградска“ во урбаната заедница Карпош 4, како и просторот околу Драмски театар, во Карпош 2, ќе бидат хортикултурно уредени.
Комуналните служби на Општина Аеродром спроведоа голема акција за расчистување дива депонија во непосредна близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.
Градот Скопје ги потсетува граѓаните дека може да ги искористат субвенциите за купување велосипед и да надоместат дел од трошоците направени при набавката на велосипедот.
„Гастро опскура“, интернет-страница која пишува за необични закуски од цел свет, во еден од своите последни написи, се фокусира на Скопје и она што е карактеристично за него – симит погача.
Поставувањето на механичко средство „блокатор“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари.
На нешто помалку од еден месец пред почетокот на Виз Ер Скопски маратон денеска организаторите на трката одржаа прес-конференција преку која порачаа дека најголемиот спортски спектакл ќе го исполни Скопје со позитивна енергија.
Општина Карпош организира голема еко - акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, на повеќе собирни пунктови.