Катастарот на загадувачи во Општина Кисела Вода беше главната тема за која денеска разговараа градоначалникот Филип Темелковски и Магдалена Трајковска Трпевска, директор на „Технолаб“ ДОО Скопје.
Голем број чешки компании покажуваат интерес да инвестираат во Скопје. Тоа е добра појдовна точка и можност за градење нови стратешки партнерства во делот на решенијата за транспортот и транспортната инфраструктура, управувањето со отпадот, управувањето со водните ресурси, еколошките заштитни технологии и слично.
Вкупно сто кубни метри отпад беа подигнати и транспортирани од приватен двор во населбата Лисиче, во рамките на петдневната акција што ја спроведе ЈП „Комунална хигиена“-Скопје.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат насоките кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.
Продолжува зелената офанзива во Карпош. Нови паркови и зелени површини се предвидени на повеќе локации: спроти хотел „Карпош“ на улицата „Шекспирова“ се планира хортикултурно уредување (засадување на нови цвеќиња, украсни грмушки и дрвја)
Без вода утре од 9 часот ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Аминта Трети“ до улицата „Мирослав Крлежа“
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје неодамна потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, со цел размена на искуства, знаења, едукација, како и практична настава на студентите и усовршување на кадри од различни области.
Во Скопје следната недела ќе биде отворен Центар за ученици со посебни образовни потреби кои следат редовна настава во основните училишта, во кој преку различни методи и игри на неформално образование ќе се запознаваат, ќе се социјализираат и ќе учат нови работи.
Детска журка Априлијада – „Скопје се смее“ за сите училишта, градинки, деца, тинејџери и граѓани на град Скопје се одржува денеска на плоштад „Македонија“. Априлијадата ја организираат Детскиот културен центар „Карпош“ и Град Скопје.