Жичарницата „Милениумски крст“ од 1 април ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу
Пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров ( во паркот пред општината ), денеска ќе се одржи завршната манифестација – еко дефиле на велосипеди со што ќе бидат затворени десетте Денови на екологијата во Општина Бутел
Работите ќе се изведуваат во временскиот период од 7:30 до 15 часот
Сакаме да ја информираме јавноста дека во недела (31.03.2019 година), во период од 8 до 12 часот, поради одржување на Женска трка, автобусите на линиите 8, 15А и 18 ќе имаат изменет режим на сообраќање.
Со цел подобрување на здравствената состојба на возрасните лица кои живеат на територија на општината и нивно оспособување за полесно самостојно функционирање, трета година во континуитет, Општина Центар го реализира проектот „Центар се грижи за возрасните“
Општина Карпош започна со серија на информативни сесии за проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“. Оваа картичка веќе е активна и граѓаните – жители на Карпош добиваат голем број на попусти и бенефиции во угостителски објекти (кафулиња, ресторани), аптеки, здравствени ординации, културни и спортски установи, авто – мото сервиси и сл.
Со цел превентивно дејствување на прагот од пролетната сезона, Еко-патролата оствари и низа средби со сопственици и вработени во угостителските објекти на Кејот 13-ти Ноември, со коишто беше разговарано за правилното третирање на отпадот од храна и елиминирањето на исцедоците коишто создаваат непријатна миризба околу садовите и можност од зарази.
Вежбата почна во 9 часот и 25 минути, а ТАВ Македонија ги извести патниците дека станува збор за вежбовна активност и авионските летови ќе се одвиваат непречено.
Денеска е спроведена акција за чистење голема количина отпад во приватен двор во населбата Лисиче, по пријава на жителите на улицата „Блажо Орландик“. Акцијата ја изведе Испекторатот за животна средина на Град Скопје со соработка инспекциската служба за животна средина на Општина Аеродром, ЈП „Комунала хигиена“ и ПС „Аеродром“.
Советот на Град Скопје на денешната седница ќе ги разгледува предлог одлуките за давање согласност на годишните сметки на јавните претпријатија во надлежност на Градот