По повод вториот светски конгрес на претприемачи, кој ќе се одржи во Скопје, во втората половина на октомври 2019 година, делегацијата на светскиот конгрес на претприемачи оствари средба со раководителот на Секторот за локален економски развој, Марко Тодоров, и со советничката во Советот на Град Скопје, Билјана Секуловска-Габер.
Директорот на училиштето, Блерим Небиу, им се заблагодари на екипите на претпријатието за нивната интервенција при расчистувањето на насобраниот отпад во дворот на училиштето, а акцијата ја поздрави и претставникот од општината Аеродром, Дејан Антовски, се наведува во соопштението од ЈП „Комунална хигиена"-Скопје.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека нивните автобуси не биле предмет на вчерашната акциска контрола на полицијата во која 49 автобуси беа испратени на вонреден технички преглед и кај кои се откриени неправилности со кочниците и уредот за управување.
Шилегов вчера се сретна и со градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај. Двајцата колеги разговараа за зајакнување на односите меѓу двата збратимени града и за размена на позитивни искуства. На билатералната средба присуствуваа и директорите на јавните претпријатија „Комунална хигиена“, „Улици и патишта“, „Паркови и зеленило“ и ЈСП.
Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ денеска и утре ќе се одржува Третиот национален и меѓународен натпревар во уметничко лизгање „Skopje on Ice 2019“ на кој ќе настапат 73 натпреварувачи од 5 до 25 години од Северна Македонија, Србија и Бугарија.
Во училишниот двор на ОУ ,,Живко Брајковски,, денеска беа засадени 25 јасенови дрва. Градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, директорката на училиштето, заедно со учениците и наставниците од секцијата по биологија учествуваа во овој еколошки хепенинг за поубава и позелена еколошка средина.
Поради вонреден технички преглед на дел од возилата вклучени во јавниот превоз од изутрината има одредени застои, доцнења на линиите 9, 19, 20 и 22, соопшти ЈСП Скопје.
Во Зоолошка градина, започна вториот дел од операцијата „Чисти езера“. Од утринава, екипи на „Улици и патишта" и „Водовод и канализација", заедно со вработените во Зоо Скопје интензивно работат на чистење на езерото кое не беше исчистено повеќе од 13 години.
Комуналните служби на Општина Карпош се приклучија кон акцијата на ЈП „Комунална хигиена – Скопје“ за чистење на дворот на студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Нов дом за стари лица со капацитет од околу 100 лица подготвува државата во Скопје. Министерството за труд и социјална политика започна активности за адаптација на објект за оваа намена што претходно се користел за згрижување деца.