ЈП „Комунална хигиена“ од денеска до 23-ти овој месец ќе спроведе машинско миење со автоцистерни на булеварите и поголемите улици во Скопје.
Зоолошката градина во Скопје ќе отпочне процес за нејзина целосна адаптација за посета на лица со оштетен вид.
Поради промена на 13 затворачи, прекинато водоснабдување утре ќе имаат корисниците од улиците „Рилски конгрес“, „Славејко Арсов“, „Банско“, „Серска“, „Кратовска“, дел од „50 Дивизија“, „Димче Мирчев“, „Христо Чернопеев“, „Востаничка“ и „Црниче“.
Општина Карпош, во соработка со колективниот постапувач „Елколект“, продолжува со унапредување на начините за правилно управување со електричниот и електронскиот отпад, соопшти Општината.
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска почна акција за чистење на кампусот на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, чиј почеток го означија директорот Абдусамед Шабани, градоначалникот на општината Центар Саша Богдановиќ и директорката на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања проф. д-р Бојана Наумовска.
ЈП Паркинзи на Општина Центар ги воведе овие промени за да им овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за сопствени потреби. Имено, со овие промени ќе се воведе ред во паркирањето на резидентните паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието со цел ослободување на тротоарите, пешачките зони и јавните површини од непрописно паркирани возила.
Со оглед на зачестените објави во медиумите за натепани патници од страна на возачи и контролори, ЈСП Скопје сака да ја појасни ситуацијата.
Од денеска средните училишта на Град Скопје ги отвораат вратите за универзитетите за презентација и промоција на нивните студиски програми пред средношколците.
Со промоција на деловно техничкиот акцелератор во просториите на Инофеит на кампусот технички факултети во Скопје денеска стартуваше реализацијата на проектот научно технолошки парк. Во иднина тоа треба да биде место кое ќе привлекува бизниси и ќе го помага нивниот развој преку услуги и поддршка и ќе обебзедува помош за развој на претприемништво и комерцијализација.
Делови од општините Чаир и Сарај утре во одредени периоди од денот нема да имаат струја поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.