Државниот студентски центар утрово организираше акција во чии рамки беше исчистен отпадот од кровот на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, информираат од Државниот студентски дом „Скопје“.
Поради реконструкција на водоводни приклучоци од Ф 1”(цола) денеска ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Димитар Пандилов“ бр.4 во Општина Центар, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
Скопје ќе биде домаќин на самит на европските слободни економски зони, што ќе се одржи од 2 до 4 мај годинава. Се очекуваат над 350 претставници од цел свет, а организатор е Дирекцијата за технолошки-индустриски развојни зони, која самитот ќе го организира во соработка со Организацијата на светски слободни зони.
Центарот за развој на Скопскиот плански регион почнува со реализација на проектот„Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, што ќе се реализира со финансиска поддршка на Швајцарската конфедерација, Швајцарската амбасада во Македонија, Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.
Прв регионален форум за консултација на граѓаните во Скопскиот плански регион ќе се одржи денеска во Скопје, во рамки на проектот „Рамномерен и инклузивен регионален развој”, што се имплементира со поддршка на швајцарската Влада.
Веќе втор ден нема информација каде исчезна Даниела Пецевска од скопско Драчево.
Интензивно тече санацијата на санитарните јазли во ООУ “Кузман Шапкарев“ во населбата Драчево коjaотпочна во втората половина на јануари, годинава.
Во рамките на неделата посветена на подигнувањето на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, денеска започна акција за чистење на дивата депонија во дворот на Управната зграда на Заводот за згрижување „Ранка Милановиќ“, во скопската општина Гази Баба, соопштуваат од претпријатието.
„Скопје Сити мол“ е прв трговски центар во земјава каде што е поставена станица за полнење електрични и приклучни хибридни возила. Полначот се наоѓа во жолтата зона на подземната гаража на трговскиот и на сопствениците на електрични возила им нуди можност за бесплатно полнење и паркирање за време на престојот во „Сити мол“.
Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје денеска ќе потпишат меморандум за соработка, со цел замена на системот на греење на Студентскиот дом од нафта за греење/мазут со приклучување кон системот на централно греење на АД БЕГ Скопје.