Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целиот ден и во вечерните часови работат на расчистување на паднатиот снег и мразот од булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, соопшти вечерва ЈП „Комунална хигиена“.
Зимските служби на Општина Карпош уште денеска почнаа да ги чистат покритичните, повисоки места во Општината. Во овие моменти се отстранува снегот во Жданец, Трнодол, повисоките места на Козле, Бардовци, Горно и Средно Нерези, како и долж сервисните улици во Карпош, се наведува во соопштението од општината.
Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, денеска на прес конференција на јавноста соопшти дека општината ќе си врати назад над 94 милиони денари од фирмата “Пелагонија“ од Гостивар.
Во салата на Советот на Град Скопје денеска (09.01.2019 година, среда), се одржа презентација на Програмата на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на подрачјето на Град Скопје за 2019 година, со цел запознавање на јавноста со планот на мерки што ќе се преземат во сферата на заштитата на животната средина.
Поради исклучително ниската температура која во Велес се спушти до -18 степени, општинската организација на Црвениот крст од улиците на градот тргна еден бездомник кој го згрижи во пунктот за бездомници во „Момин Поток“ во Скопје.
Собранието попладнево на седница го донесе Законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на набавка на автобуси што ќе се склучи меѓу ЕБОР и ЈСП „Скопје“, со кое се овомзожува Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ да набави нови нископодни автобуси. Со заемот од ЕБОР се обезбедуваат 10 милиони евра, а во набавката со 2 милиона евра сопствени средства ќе учествува ЈСП.
Два нови случаја со мали сипаници денеска се лабораториски потврдени. Станува збор за 18-месечно дете од општина Чаир и за четиригодишно дете од општина Аеродром кои биле невакцинирани. Тие се пренесени на Клиниката за инфективни болести во Скопје.
Машината за чистење паркиралишта е совршено прилагодена за чистење на најстрогите отворени површини и може да издржи максимален притисок во секојдневното работење.Набавката е преку економскиот оператор Сандра М Љупчо ДООЕЛ експорт – импорт Кавадарци,како најдобар понудувач на тендерот, и ангажирањето на оваа механизација чини 2,352,920 денари.
Во текот на денешниот ден, 50 работници на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје со мултикултиватори го расчистуваат паднатиот снег на булеварите и улиците во сите скопски општини, велат од ЈП „Комунална хигиена“.
Корисниците од населбата Лисиче од 16:15 часот се без вода за пиење поради дефект на водоводната инсталација на крстосницата меѓу улиците „Бошко Буха“ и „Ернес Телман“ во населба Лисиче, информира ЈП „Водовод и канализација“ Скопје.