Град Скопје апликацијaта за најзелена престолнина на Европа ја поднесе на почетокот на октомври годинава и врз основа на таа апликација ЕК изврши скрининг на позициите што ги имаше Скопје и се квалификувавме во втората фаза од овој процес, изјави денеска скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Шест лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно 11 сообраќајки случени во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во осум сообраќајки била причинета материјална штета.
Вкупно 66 контејнери во Скопје се запалени и целосно уништени во првите девет месеци од годинава, соопшти денеска Град Скопје.
Утре, (петок 23.11) се отвора лизгалиштето во СЦ „Борис Трајковски“ со најдобри услови досега и најдобро подготвен мраз по светски стандарди. Не очекуваат многу натпревари во хокеј и уметничко лизгање, за кое годинава ќе има двајца професионални тренери. Ќе има и повеќе термини за рекреација, а цените остануваат исти- 150 денари со изнајмени лизгалки и 100 денари со сопствени.
Град Скопје го продолжува доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци.
Овие системи се проект на иднината кои ќе помогнат аерозагадувањето значително да се намали.
Новогодишна населба „Винтерленд“ на плоштадот „Македонија“ со украсени куќички, вештачки снег, катчиња за игра и смеа и секојдневна програма што ќе биде интересна за граѓаните, е само дел од предновогодишната програма што ја подготвува Градот Скопје во пресрет на Новогодишните и Божикните празници.
Идните родители и членовите на нивните семејства ќе можат да се едуцираат за тоа како да се справат со секојдневните предизвици кои ги носат нивните улоги, во првото „Роса школо за родителство“, што беше отворено денеска во Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје.
Осмото издание на Недела на дизајнот во Скопје почнува денеска, а ќе трае до 25 ноември. Овогодинешната платформа се одржува во Јавна соба и Лукс.
Потребно е да се имплементираат повеќе мерки бидејќи една не е доволна и не носи резулати во решавање на проблемот на загадувањето во Скопје. Ова беше истакнато на денешната работилница на тема „Загадувањето на воздухот во Скопје – факти, причини, акции” што се одржа во Град Скопје на иницијативата на градоначалникот Петре Шилегов.