Сојузот на спортови на Скопје под покровителство на Град Скопје в недела, во 11 часот, го организира велосипедскиот карван „Скопје на точак“ со партнерите Бајк центар и Пробајк Скопје.
Општина Кисела Вода очекува до крајот на годината да се реши пролемот со корисниците на Центарот за зависиници и тие да се дислоцираат.
Мешани тимови и оваа година ќе работат секој ден, 24 часа, на борба против огновите на отворено. Граѓаните можат да ги пријавуваат сите случаи на палење огнови на бројот во кол-центарот на 193, ова денеска го изјави портпаролот на Град Скопје Ваљон Салиху.
Завршен е проектот на ЈП Водовод и канализација со кој ќе се надмине проблемот со водоснабдувањето во високите зони во општина Аеродром.
Во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на науката.
Градот Скопје ја информира јавноста дека во недела (11.11.2018 година), поради одржување на две манифестации ќе се воведе привремен сообраќаен режим на повеќе сообраќајници во различни периоди од денот.
Директорот на Државниот студентски дом „Скопје”- Скопје Дарио Николовски потпиша меморандум за соработка со Национална асоцијација на престижни академски граѓани (НАПАГ).
Претставниците на невладини здруженија и спортски субјекти денеска во Општина Кисела Вода имаа можност да учествуваат во креирањето на Буџетот на Општината за 2019 година, што во моментов е во подготвка.
Со врачување на 120 пакети со прехранбени продукти, облека и средства за хигиена, денеска се заокружи големата хуманитарна акција која Општина Карпош заедно со граѓаните и локалната администрација, ја спроведе по повод роденденот на општината 3. Ноември под мотото „Подај рака, донирај за твојот сосед“.