Не постои истант решение, постојат интервентни мерки коишто може да го ублажат, меѓутоа не да го решат проблемот со загадувањето на воздухот, рече вечерва градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во емисијата „Топ тема на ваша страна“ на тв Телма.
Граѓаните на Општина Аеродром денеска се собраа на протест откако завчера Уставниот суд донесе одлука да не поведе постапка по поднесувањето на иницијативи за ДУП И10, со што е опфатена и парцелата кај Мајчин дом.
Поради празникот Задушница денеска и за време на викендот во периодот од 6 до 16 часот ќе има изменет сообраќаен режим до гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.
Поради извршување градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди” во Влае, како и асфалтирање прекоп извршен од БЕГ кај Порта Влае, во текот на претстојниов викенд ќе биде воведен привремен сообраќаен режим.
Од Градот Скопје информираат дека во рамките на своите надлежности работат на системско решавање на проблемот со загаденоста на воздухот, преку спроведување активности дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот што опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки.
Оттаму велат дека со формирање на партиципативното тело, општината им овозможува на граѓаните директно да учествуваат во урбанистичкото планирање.
Поради празникот Задушница денеска и утре ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителни автобуси што ќе сообраќаат од и до гробиштата Бутел.
Во организација на Сојуз на спортови на Скопје и под покровителство на Град Скопје на 11 ноември ќе се одржи велосипедски карван кој има за цел популаризација на возењето велосипеди.
Во населбата Карпош 3 денеска започна големата еколошка акција во која ќе се засадат 200 нови дрвја во неколку урбани заедници во оваа општина. Акцијата е по повод 42. роденден на општината Карпош, а почна на улицата Никола Русински, наспроти Сити Мол – информираа од оваа општина.
Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ денеска соопшти дека утре и задутре поради празникот Задушница ќе бидат пуштени во сообраќај дополнителен број автобуси кои ќе сообраќаат до гробиштата Бутел.