Со кампањата „#СекојКилометарЗначи“ поврзана со атлетската трка Скопје трча 10км. која се реализираше пред десетина дена собрани се 60.314 денари кои ќе бидат искористине за хуманитарни цели.
Од приближно шеесет кучиња што го поминале целокупниот медицински третман во стационарот „Вардариште“, во рамки на акцијата „Вдоми - не купувај“, беа вдомени десет. Ваквиот слаб одѕив се должи на фактот дека чипирањето на домашните миленици се воведе како законска обврска за сопствениците и во моментов бесплатно се реализира преку Агенцијата за храна и ветеринарство.
На крајот на градежните работи за реконструкција на фасадата во училиштето присуствуваа градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, претседателот на Советот на општината Дарио Шимиќ, директорот на Цементарница УСЈЕ АД Скопје, Борис Хрисафов и директорот на училиштето, Сашо Јовановски.
Советниците на ВМРО-ДПМНЕ на минатата и на денешната седница без никаква причина не ги изгласаа деталните урбанистички планови за компаниите „Алкалоид“ и „Пивара“ и за индустриската зона што се наоѓа на улицата „Перо Наков“. Ова на денешната прес-конференција го соопшти градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски.
Општина Аеродром за 2018 година има издвоено 300 илјади евра од својот буџет за заштита на животната средина, што е за 20 пати повеќе од сите буџети претходно.
Град Скопје со концептите за изградба на инфраструктура и за развојот на т.н. „паметен град“ (smart city) учествува на Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).
Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов од утре до среда ќе учествува на Третиот форум на градоначалници на главните градови на државите од Централна и Источна Европа и НР Кина (16+).
Изложбата „Каде Sì слатко звучи. Патување низ историјата на италијанскиот јазик“ ќе биде отворена денеска во Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.
Од денеска почнува грејната сезона на корисниците на компанијата БЕГ. Корисниците поврзани на централниот систем на топлинска енергија ќе добиваат топлинска енергија се до 15 април 2019 година.
Поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување на градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, и денеска дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај, информира Градот Скопје.