Постапката за извршување на решението за отстранување на недостатоците на објектот на пекарницата Силбо во ТЦ Бисер е одложена по барање на сопственикот на пекарницата, информира општина Аеродром во реакција на денешната прес-конференција на Здружението на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер.
Општина Карпош започнува со изградба на новиот урбан сквер - зелен парк, на потегот меѓу Тафталиџе 2 и Нерези, во близина на автобуската постојка на последна 24-ка. Станува збор за инвестиција од речиси три милиони денари, средства кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги додели на општината.
Здружението на сопственици на деловен простор за одржување на ТЦ Бисер го повикува Јавното обвинителство да покрене истрага за случајот со, како што велат, бесправната изградба на Пекарницата Силбо во ТЦ Бисер, во спротвино најавуваат дека ќе поднесат кривична пријава до сите инволвирани.
Репрезентативци на Република Македонија денеска ги претставија своите спортови пред дечињата од градинката „Срничка“, објект „Лале“, во рамките на проектот „Европска недела на спортот“.
Со многу музика и забава, многу деца и врвулица од луѓе, вчера во Градскиот парк во Скопје, кај популарната „школка“ се одржа тричасовен хепенинг со кој Халк банка ја претстави својата најнова понуда – „ризико“ кредити со животно осигурување која банката ја реализира во партнерство со Кроација осигурување живот.
Да се биде дел од глобалното движење The Distinguished Gentlemans Ride е привилегија, а Скопје ја има таа чест трета година по ред на 30 септември да го организира дефилето на кое урбани моторџии облечени во елегантна облека и уникатни мотори ќе дефилираат низ градските улици, обидувајќи се да ја подигнат свеста кај мажите за сопственото здравје и да соберат финансиски средства за борба против рак на простатата.
Во Скопје денеска ќе се одржи Business Run 2018, штафетна трка за тимови од македонскиот бизнис сектор.
Големата сала во СЦ „Борис Трајковски“ од денеска е со нов изглед. За првпат во Македонија една спортска сала добива модернизиран висечки семафор по светски стандарди за сите спортови.
Проектот „Нега и грижа за стари лица во домашни услови на општината“, што функционира во општина Центар ќе се проширува со поголем број корисници, добро е да се примени и во останатите општини со оглед на бенефитот на оваа катагорија граѓани.
Град Скопје во соработка со Македонски железници - Транспорт, Македонски железници – Инфраструктура, здружението „Прв до врв“ и граѓанската иницијатива „На точак“ денеска ја промовира идејата за комбинирање на велосипедскиот и железничкиот сообраќај во иднина.