Со многу музика и забава, многу деца и врвулица од луѓе, вчера во Градскиот парк во Скопје, кај популарната „школка“ се одржа тричасовен хепенинг со кој Халк банка ја претстави својата најнова понуда – „ризико“ кредити со животно осигурување која банката ја реализира во партнерство со Кроација осигурување живот.

Во текот на настанот 60 дечиња од три основни училишта со моливи, бои и четкички го доловуваа своето сфаќање и видување на темата „Животот е убав“ под чие мото се организираше настанот. Креативните детски рачиња создадоа цртежи кои ќе помогнат, барем донекаде, животот да биде поубав и за децата од Домот за деца без родители 11 Октомври. Сите создадени дела на малите уметници ќе бидат изложени во филијалата на Халк банка и во текот на ноември понудени на продажба на деловните клиенти на банката, а собраните средства потоа ќе бидат донирани во Домот.

Многу луѓе имаше и пред „тркалото на среќата“ бидејќи секое свртување и давање одговор на едноставни прашања врзани за најновата понуда на Халк банка обезбедуваше награда. И сето тоа во убава, весела атмосфера, со многу смеа и шеги за што беше задолжен познатиот водител Марко Новески. Дечињата и посетителите ги дружеше и Елена Ристеска која беше гостин на настанот.

Несекојдневниот хепенинг кој имаше и хуманитарен карактер, што е во согласност со политиката на Халк банка како општествено одговорна компанија, беше дел од промотивната кампања на банката за кредити со животно осигурување со кои се обезбедува заштита и сигурност на сите корисници на кредити од несакани случаи. Во понудата се Релакс потрошувачкиот кредит, Комфор станбениот кредит и Хипотекарниот кредит со кои се нудат атрактивни услови, како можност за земање поголем износ на кредит, подолг рок на отплата, а кај одредени производи и подолг период на отплата со фиксна каматна стапка или пониска каматна стапка.

Кредитите со животно осигурување се реализираат во партнерство со Кроациа осигурување живот, чии стандардни полиси за осигурување живот - basic, premium, ekskluziv и Коко детско штедно осигурување, сега се достапни и во сите филијали на Халк банка.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/09/2018 14:32